Ноќта на вештерките кобна за три девојчиња


Три девојчиња, од кои две биле близначки, облечени во костуми за Ноќта на вештерките, кои “коледареле” во гратчето Санта Ана во Оринџ Каунти, ги загубија животите кога ги прегазил џип, јавуваат медиумите во Калифорнија, САД.devojcinja-500

Кратко после несреќата вчеравечер, двајцата мажи кои биле во џипот го оставиле возилото на околу 800 метри од местото каде удриле во девојчињата и избегале пеш.

Сведоци на несреќата биле 8-годишно девојче и нејзиниот татко, кои виделе дека во возилото има двајца мажи. Несреќата се случила на место каде ограничувањето e 25 милји, односно 40 километри на час, а според првичната истрага џипот возел со брзина од 50 милји, односно 80 километри на час.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1