Нон стоп е пијан, а не пие капка алкохол – еве зошто (Видео)


Британецот Ник Хес пати од ретко пореметување според кое неговиот желудник јагленохидратите ги претвара во алкохол. На него му е доволно да изеде било каков вид на компир и тој веќе е пијан. На почетокот не знаел што му се случува.

Ник Хес, кој тврди дека не консумира алкохол, изјавил дека околината повеќе пати го обвинувала за пијанство, открил дека боледува од ретка болест, на т. н. синдром на „самопијанство“, пренесе „Би-би-си“.24224165

– Вистина е дека секогаш се чувствувам чдуно после помфритот. Станувам несмасен, понекогаш вулгарен и ми се случува утредента да имам мачнини и главоболки – рекол Хес.

После деталниот лекарски преглед, утврдено е дека боледува од исклучително редок синдром (самопијанство) кој се јавува после консумирање храна богата со јаглехидрати.

– Во секој желудник постои одредена количина квасец, поради што во контакт со јаглехидратите се претвораат во алкохол. Толку голема количина квасец како во желудникот на Хес никогаш не сум видел – изјавил д-р Ануп Конодија.

Според неговите зборови, кога Хес јаде пржени компири, станува „пијан“ како да испил седум чаши виски.

Хес сега добива терапија за да не се „опива“ јадејќи го омилениот помфрит.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1