Носиме отровна облека – отрови има и во детските пижами


Фунгициди, хемиски бои, дамки отпорни на оган, го сочинуваат токсичниот коктел кој е присутен во нашата облека. Сите овие токсични елементии се штетни и за нас и за животната средина, а мал број на информации се напишани на етикетите за да не предупредат.

 toxic clothingОткако ќе се собере памукот истиот се носи на инкарнацја во текстилната фабрика, каде што се меша со синтетиката, најлонот или полиестерот. Во процесот на мешањето, се дотураат и хемикалии кои што ја прават облеката попривлечна за купувачите. Ваквите адитиви овозможуваат да го привлечат и свртат вниманието на конзументите кон излозите.

Неколкуте истражувања кои што досега биле направени од страна на доктори специјалисти за откривање на ваквите токсични елементи, покажале дека само во Австралија 80,000 хемикалии се користат во секојдневните потрошувачки производи, градежните материјали, храната, пакувањето на истата, производите за чистење, за лична нега и др. 75% од сите овие работи никогаш не биле тестирани за нивната токсичност врз човековото тело или животната средина.

Во текстилната индустрија се користи формалдехидот, како и фталати токсични отрови кои се користат за омекнување на текстилот. Оловото кое што го има во самата облека го ослабува нервниот систем на децата и го намалува коефициентот на интелегенција. Во голем број на детски пижами на истите има ознака дека се отпорни на оган, поради што голем број на родители веднаш ги набавуваат, несвесни притоа дека истите се направени од страна на штетни хемикалии како хлор, бром, фосфат и други базирани соединенија.

Експертите сугерираат луѓето да купуваат облека од направена од органски памук, волна, бамбус, коприва и коноп. А доколку веќе се набавува каква било облека, пожелно е истата да биде убаво исперена неколку пати пред да се облече, со цел да се отстранат сите штетни хемикалии.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1