СВР Велес поднесе кривична пријава против лицето Е.З. (19) од с.Мелница, велешко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело полов напад врз дете .
Пријавениот во средата, 27 јули, околу 19.00 часот во с.Мелница го пресретнал десетгодишното дете, кое се враќало од локалната продавница во с.Мелница кон дома, го кренал во раце и го однел во сокак кој се наоѓал подалеку од домот на детето, каде што го извршил половиот напад.
После насилниот сексуален акт пријавениот побегнал , а детето заминало дома. Од срам не кажало никому.
Наредниот ден неговата мајка забележала дека детето е изнемоштено и не може да се движи, по што разговарала со детето и детето кажало што се случило.
Истиот ден настанот бил пријавен во СВР Велес, бил извршен лекарски преглед на детето во ЈЗУ„Општа болница“ Велес, а по консултации со Јавен обвинител детето заедно со неговата мајка е однесно на преглед во Судска медицина – Скопје .
Пријавеното лице е приведено вчера наутро во 06.30 часот.