Нов инцидент: Руски брод стрелаше кон турски за да го предупреди да избегнат судар


Официјална Москва потврди дека руски воен брод испукал „предупредувачки истрели“ кон еден турски рибарски брод во Егејското море, во обид да се избегне судар меѓу двата брода.voen brod

Во соопштението на руското Министерство за одбрана се вели дека турскиот брод се приближил на само 600 метри до рускиот брод, пред да бидат испукани „предупредувачките истрели“ по што рибарскиот брод почнал забрзано да се одалечува.

Воениот претставник на Турција во Москва, бил повикан во руското Министерзтво за надворешни работи, за да му се изрази протест поради инцидентот.

Односоте меѓу Русија и Турција продолжуваат да бидат тензични, по соборувањето на рускиот „Сухој-24“ од турски воен авион, во пограничната зона на сириско-турската граница.

Москва тврди дека авионот бил соборен над сириската територија и бараат извинување од Анкара, додека турската страна одбива да го стори тоа, затоа што инсистира дека рускиот авион бил 17 секунди над турската територија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1