Пакистанецот кој берлинската полиција погрешно го обвини за напад на божиќниот саем исчезна без трага па неговите пријатели и семејство стравуваат дека нешто му се случило.
Навид Балух (23) уапсен е веднаш по масакрот во Берлин и цел свет половина ден веруваше дека тој го возел камионот на смртта, но после деталната истрага утврдено е дека тој нема врска со нападот. Набрзо е пуштен, но оттогаш му се губи секоја трага.
-Многу сум загрижен за него. Знаете тој во последно време е психички нестабилен, а замислете каков бил по полициската тортура. Го снема, мобилниот му е исклучен. Не знам што да правиме. Тој нема никаква врска со радикалните исламисти. Заради нив и избега од Пакистан, рекол неговиот роднина за Дејли Меил.