Нов протест на мајките на породилно


Мајките кои се на породилно утре ќе излезат на нов втор по ред протест пред Владата, во обид да издејствуваат укинување на одлуката во среда да се вратат на работа. Викендот министерот за здравство Венко Филипче изјави дека Владата не ги прифатила нивните барања испорачани после првиот протест во четвртокот. Од друга страна мајките сметаат дека високите бројки на заразени со Ковид-19 деновиве и неколкуте случаи на инфицирани деца и вработени во градинките се голем ризик за нивните деца.

Дополнително според нив периодот за адаптација на малите деца до 2 годишна возраст во досегашната пракса бил 1 месец, а од донесување на владината одлука имало само 1 недела. Некои мајки како што изјавија на претходниот протест не можеле да ги запишат децата во градинка бидејки од установите им било речено дека нема место. Протестот е закажан за во 17.30 минути пред зградата на Владата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1