Нов раст на цената на горивата од полноќ


Од полноќ ново поскапување на горивата за еден денар. Еуросупер 98 ќе се точи за 78.5 денари по литар, а дизелот ќе чини 68.5 денари. Но очекувањата се дека цените и понатаму ќе растат.

Вредноста на нафтата урива рекорди. Денеска на американската берза го достигна седумгодишниот максимум, додека на лондонската, бележат највисока цена во изминативе 3 години. Како се опоравуваат економиите од корона кризата, така се очекува побарувачката да расте, што дополнително ќе влијае на зголемување на цената. Сега се стравува на подгревање на инфлацијата, што може да го успори растот на економиите во светот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1