Нов скандал со штитенички на домот „25 мај“ – уште две трудни малолетнички


17 годишна штитеничка од домот 25 мај наскоро ќе стане мајка. Одлучила да го задржи бебето откако забременила од нејзиниот партнер со кој живеат под ист кров, во домот. Нејзината судбина нема да ја дели 15 годишна малолетничка од истиот дом, која решила да абортира.

Две малолетни девојчиња, штитенички на Домот за деца со социјално-воспитни проблеми „25 Мај“ од Скопје забремениле, а едното било подложено на прекин на бременоста, потврдуваат од Министерството за труд и социјална политика. 15 годишното девојче решило да ја прекине бременоста, додека постарата малолетитничка одлучила да го задржи бебето. Но сепак овие случаи не се поврзуваат со оној на 13 годишната штитеничка на истиот дом, која била сексуално злоставувана.

“Во двата нови случаи не станува збор за злоставување или сексуално искористување. Малолетничките останале бремени по врските што ги имале. Девојчето кое одлучи да не ја прекинува бременоста моментално е кај нејзиниот татко кој се согласил да се грижи за детето и за неа“.

Од друга страна, се продлабочуваат препукувањата за случајот со сексуално злоставуваното 13 годишното девојче кое абортираше пред неколку дена. Според вработените во Домот, МВР и Јавното обвинителство 9 пати по ред биле известувани по сомнежите што ги имале. Од МВР велат дека од сите пријавени случаи од крајот на 2016 година, полицијата постапила соодветно и ги преземала сите мерки.

“За сите овие случаи полицијата преземале соодветни оперативни дејствија. Сакам да кажам дека имаме документирани три случаи, јануари, септември и ноември 2017 година. Сите овие случаи биле документирани со факти и соодветни докази кои биле пропратени во Јавното обвинителство, бидејќи со овие незаконски дејствија е направено кривично дело за кое јавното обвинителство е надлежно за понатамошно процесирање. Имаме преземено одредени дејствија и сме поднесле кривична пријава за сторителите на ова кривично дело“, рече Агим Нухиу, заменик министер за внатрешни работи.

Од Јавното обвинителство во Скопје велат дека ова институција заедно со велешкото обвинителство активно преземаат мерки за расчистување на случајот.

Јавно Обвинителство:

“По известувањето од страна на МВР е отворен предмет. Дадена е наредба за утврдување на обвинениејата. Повикани се на распит многу лица кои можат да помогнат во расветлување на фактите и кривичната одговорност. Обвинителството доставило писмено барање до МТСП со цел да се прибираат потребните податоци. Во ЈО е отворен предмет по пријавата од страна на родителите на девојчето преку адвокатите, против вработените во Домот. Исто така вчера до ОЈО стигна кривична пријава против едно конкретно лице“.

Неофицијално, Алсат М дознава дека од 2016 до 2018, малолетничката 9 пати била пријавувана како исчезната, дури според нашите извори, била корисник и на наркотични средства и давала сексуални услуги кај МРТВ. Случајот со 13 годишната малолетничка го обелодени Европскиот центар за правата на Ромите. Во Домот за деца “25 Мај“ во Скопје престојуваат вкупно 44 деца. И покрај тоа што таму има 12 члена екипа од воспитувачи, социолози и психолози, доведена е во прашање нивната улога. По вчерашниот скандал поради морални причини оставка поднесе директорот на домот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1