НОВ ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД: 32 убиени, најмалце 80 повредени


Во градот Јола во Нигерија се случи голема експлозија во која 32 лица загинаа, а 80 се повредени.

Експлозијата се случила кога бомба екплодирала на локалниот пазар. Медиумите во своите првични информации јавуваат дека се работи за терористички напад.

nigerija-2-670x444-620x350

Експлозијата се случила во мото паркот а еден од сведоците, изјави Мохамед Данасабе изјавил за Премиум тајмс дека имало таква силна детонација што се слушнала низ целиот град.

Тој бил сведок дека многу луѓе ги загубиле своите животи.

– Во моментов сум на местото на настанот и помагам на луѓето да се евакуираат во болниците, има многу мртви насекаде – рече тој.

Инаку, експлозијата се случила во близина на пазарот, од каде што трговците после денешната работа се движеле кон своите домови.

Ова е втор смртоносен напад во Јоли од самиот почеток, а првиот се случил во октомври.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1