Тројца тешко вооружени џихадисти отворија оган во хотелот Радисон во главниот град на Мали, Бамако, при што според досегашните информации има тројца загинати.
Според очевидци напаѓачите во хотелот пристигнале со дипломатски возила.
Неидентификувани мажи влегле во хотел со 190 лица во главниот град Бамако околу осум часот наутро и зеле за заложници 170 лица, меѓу кои има и странци, јавува „Индепендент“.
Се слушаат и ексползии, јавуваат локалните медиуми. Според некои шпекулации во хотелот се наоѓа екипаж на „Ер Франс“.
Сведоците тврдат дека напаѓачите дошле во дипломатско возило и се наоѓаат на седмиот кат на хотелот.
– Се се случува на седмиот кат, џихадистите моментално пукаат во ходникот – потврди извор од сигурносните служби.