На социјалната мрежа Фејсбук се шири нов вирус кој ги вознемири корисниците. Во нивно име се објавуваат статуси во кои ги означуваат нивните пријатели, а со тоа продолжува да се шири вирусот.
Контроверзните објави изгледаат како видео на вашиот пријател, а кога ќе кликнете на него, ве носи на сајтот на хакерот и така станувате негова жртва.
Вирусите на Фејсбук, главно, имаат за цел да украдат податоци за пристап (лозинки, e-mail, телефонски број) на корисникот.
Ако некој ве означи на Фејсбук на објава која ви е сомнителна, не ја отварајте, а контроверзниот пост пријавете го на Фејсбук.
Погледнете ја фотографијата од вирусот кој се шири на Фејсбук.