Германското министерство за правда предложило нацрт закон според кој мајките би имале обврска да се изјаснат „со кого спиеле во терминот за зачнување“, за да помогнат во идентификацијата на мажот кој евентуално би се нашол во позиција да плаќа алиментација.
Министерот за правда Хајко Мас изјавил дека таа мерка ќе обезбеди правна сигурност за мажите, кои се обидуваат да си ги вратат парите од алиментацијата што ја плаќале за туѓо дете. Предлог законот предвидува жените да не бидат со обврска да ја даваат таа информација, доколку се смета „несовесно“ откривањето на тој податок. Со предлогот се налага и враќање на алиментацијата за туѓи деца во рок од две години.
Предлогот чека одобрување од Бундестагот за да стане закон.