Нов Зеланд бара најмалку 50.000 работници


Нов Зеланд просто плаче за работници – потребни се минимум 50.000 работници!
Градежништвото е дејноста во која се потребни најголем број работници, а се бараат и здравствени работници, и информатичари и инженери.

nov zeland rabota

Судејќи според статистиките од минатата година просечната плата во Нов Зеланд е близу 3.000 евра, а ако може да им се верува на достапните податоци, најслабо платена е работата во фармација, а највисоки се платите во градежништвото.

Цената на становите за изнајмување е од околу 100 евра до околу 530 евра, но не месечно, туку неделно.

За нов автомобил се потребни околу 10.500 евра, кутија цигари е нешто поскапа од 8 евра, лебот е две, а килограм шеќер 1,7, додека литар млеко исто така чини околу 1,7 евра.

Постојат неколку видови работни дозволи за Нов Зеланд. Може да се добие постојана работна дозвола, пивремена и работна дозвола за работа на одмор.

Освен тоа, потои можност за добивање туристичка виза, студентска виза, виза за живот и виза за инвеститори.

Вадењето на визата може да потрае од некоколку недели до неколку месеци. За работна виза потребни се добри квалификации и раотно искуство, но битно е да се има и понуда за работа од овластен работодавец.

Работна виза се издава и на посебно талентираните во некој спорт или уметност.

Повеќе информации за постапката за вадење виза за Нов Зеланд тука

 

 

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1