Повторно земјотрес е почувствуван во Македонија.
Според информациите на latest earthquakes земјотрес утринава имало во Босна и Херцеговина, во 10:19 часот со магнитуда од 5,4 степени според Рихтерова скала.
Албанија од рано утринава ја тресат серија земјотреси од кои посилните се чувствуваат на целиот Балкан.
Најсилниот регистриран земјотрес е утринава во 3:55 часот со јачина од 6.4 степени според Рихтеровата скала.