Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска презентираше нови снимки од прислушкувани разговори, за кои рече дека презентираат како Никола Груевски, Сашо Мијлаков и неколкумина помагачи го уриваат интегритетот на правосудството.
– Тројца луѓе местат обвинители и судии и потоа ги влечат како пиони на шаховска табла, за сопствени потреби и цели. Судски одлуки не се донесуваат, туку се нарачуваат – рече Заев.
Видео на следниот ЛИНК
Неколку амбасадори од неколку амбасади ги добија своите папки, рече лидерот на Зоран Заев и одби да одговори на прашањето кои биле двајцата американски амбасадори кои биле прислушувани.
Претходно тој изјави дека имаат информации за најмалку шестмина прислушувани амбасадори.