Нова драма: Евакуација на цел хотел и ресторан, затворено метро – Хеликоптери го надлетуваат Брисел


Белгиските безбедносни сили вечерва имаат специјална акција во близина на главниот плоштад во Брисел, а хотелот „Радисон Блу“ е затворен поради терористички закани, јавуваат локалните медиуми.Screenshot_201

Акцијата се одвива во близина на улицата Миди, јавува РТЛ.На улиците се распоредени тешко вооружени полицајци и војници, а градот го налдетуваат хеликоптери.

На жителите пак од таа улица наводно им е наложено да ги затворат прозорците, а околните улици се блокирани, пренесува, Раша тудеј.25734golema

Дека нешто се случува во главниот град на Белгија покажуваат и драматичните твитови на новинарот на каналот ITN Стјуард Веб кој се наоѓа во хотелот „Радисон блу“ каде влегле вооружени полицајци и го заклучиле.

– Изгледа дека нешто се случува. Војниците ставија кациги на глава и влетаа во лобито. Љубезно им порачаа на вработените на рецепција да ја заклучат вратата од хотелот и нокого да не пуштаат надвор, напиша Веб.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1