Фенатнил е синтетичка дрога која само за 12 дена усмртила десет луѓе во САД, пренесуваат светските медиуми.. Новата синтетичка дрога е посилна од 20 до 100 пати од хероинот.
Фенатилот се продава како таблета со сиво-зелена боја со главна хемиска состојка фентанил, кој инаку се користи за ублажување на силни болки, особено кај заболените од карцином.
Само една таблета од оваа синтетичка дрога може да доведе до откажување на бубрезите и црниот дроб, отекување на мозокот, преупредува Американската агенција за борба против дрогата.. Дилерите на купувачите честопати им го продаваат фенатнилот како хероин, поради што забрзано расте бројот на починати од предозирање.