Нова измама: Ве бараме во врска со понуда за работа – кога ќе одговорите отиде сметката до небо


„Ви се јавуваме во врска со работа. Кога ќе можете јавете се“, Ова е една од пораките кои стигнале на мобилните на хрватските граѓани, а се испратени од броеви за услуги со посебна тарифа.

0092007.48Дека голем број на луѓе во денешницата не бираат премногу начини како да дојдат до пари, покажуваат и случаевите на голем број на хрватски граѓани, кои огорчени од фактот дека поединци се обидуваат да им ги извлечат и последните пари на голем број на невработени лица се решиле да ја обелоденат ваквата измама.

Имено пред неколку дена на мобилен, една хрватска државјанка добила порака со текст – „Ви се јавуваме во врска со работа. Кога ќе стигнете јавете ни се“ – пораката е испратена од бројот 064 за кој се применува посебна тарифа. Имено треба да се напомене дека 064 се броевите за услуги со содржина за непримерни деца, а цената на телефонскиот повик по минута изнесува 6,99 куни за фиксната мрежа и 8,41 куни за мобилната мрежа.

Со модерната технологија – нови можни измами Хрватската агенција за пошта и елетронски комуникации утврди дека спорните броеви припаѓаат во категорија со броеви за услуги со посебна тарифа и се наоѓаат во мрежата на еден домашен оператор, а пружителот на услугите е една мала компанија. „Инспекторот на електронските комуникации ја истражува услугата која се нуди по патот на наведениот број, односно ги превзема сите законски предвидени мерки. За жал, модерната технологија освен новите можности за комуникација често носат и нови можности за измами.

HAKOM во своите настапи ги предупредува корисниците да не одговараат на СМС пораките од непознати броеви (Често и меѓународни). Неофицијални извори говорат дека годинава инспекторот на електронските комуникации HAKOM против некои од истите тие компании поднела правна постапка.

0092007.48

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1