Малезиската полиција ги истражува сите можни траги кои можат да доведат до авионот, а споре дпоследните информации, пред полетувањето, пилотот разговарал со засега непозната жена, која го побарала на мобилен телефон.
Бројот бил скриен, а засега не е познато за што разговарале. Полицијата дошла до местото од каде жената ја купила картичката со чија помош исконтактирала со пилотот, но открила дека се претставила со лажен идентитет.
Според оваа информација, се појавува нова теорија дека можеби оваа жена која засега е мистерија е поврзана со исчезнувањето на авионот во кој имаше 239 патници.