Триша Мангомери од Чикаго вежбајќи со својот басет ослабела 57 килограми. Тогаш се сетила: ќе отвори фитнес центар каде ќе можат да тренираат и луѓето и нивните миленичиња. Така настанал „К9 фит клуб“, а неговите корисници тврдат дека вежбањето со миленичињата многу ги мотивира.
Триша и самата е љубител на вежбањето, а тврди дека на тренинзите на кои одела заедно со својот басет Луи, ослабела неверојатни 57 килограми.
Монгомери нагласува дека кучињата стрдааат од истите проблеми кои ги мачат и луѓето кога е во прашање прекумерната тежина-срцеви тегоби и дијабетис.
Исто така, многу луѓе и приоѓале со благодарност и зборувале дека вежбањето со милениците многу ги мотивира.