Нова партија во Македонија – Промовирана „Твоја партија“


Во Кинотека на Македонија синоќа се оддржа состанок на иницијативниот одбор на Твоја партија, новата партија на политичката сцена, создадена од адвокатот Александар Тортевски, која во следниот период ќе утврди платформа, статут и модел на организација.

Правото и правната држава е нашата црвена линија и за тоа нема отстапка. Македонија да ја направиме пристојно место за живеење, тоа е голема задача, можеби и невозможна, но не се откажуваме. Веќе 30 години имам ангажман во таа насока и тешко ни оди, но не се откажуваме, рече Тортевски пред присутните.

На состанокот можеа да се забелажат и дел од јавни личности меѓу кои и актерката и активистика Ирена Ристиќ и професорката Мирјана Најчевска.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1