Нова телевизија на местото на А1


tvФреквенцијата на која  до пред речиси две годинисе емитуваше А1 ќе и биде доделена на нова телевизија во следниве месеци. Вака одлучи денеска Советот за радидифузија. Телевизијата ќе добие национална концесија, а СРД ќе  распише конкурс на кој следниве 30 дена ќе може да се пријават сите заинтересирани домашни и странски фирми кои сакаат да отворат телевизија.

Според најавите, телевизијата ќе има дозвола за работа од 9 години и ќе биде од забавен формат, со помал процент на информативна и образовна програма. Иако на ова се споритивставија дел од членовите на СРД, сепак со мнозинство одлуката беше донесена.

Освен за Телевизија, СРД рапиша конкурс и за ново радио со национална концесија на македонски јазик. Иако беше најавено, разгледувањето на Законот за медиуми е одложено за во петок.

Фактор.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1