Според лидерот на ПДД, Риза Халими, Aлбанците од Прешевската долина сметаат дека нивниот иден статус зависи од брзината на евроинтеграциите на Србија.
Албанците во прешевската долина веќе не кријат дека сакаат да се отцепат од јужна Србија и припојување кон Косово, или пак барем добивање на статус Јужен Тирол во Италија. За работата да биде уште полоша по Белград, ова барање доаѓа на годишнината нареференудмот од 1992 година кога Албанците од Прешево, Медвеѓе и Бујановац кажаа дека сакаат да се припојат наКосово.
На референдумот организиран во 1992 година во Прешево,Медвеѓе и Бујановац, како и во повеќе европски метрополи каде што живее албанско население излегле 45.000 Албанцикои во 98% се согласиле дека територијата на Прешевската долина треба да влезе во составот на Косово.
Тој вели дека во Европа постојат примери на унапреден статус на национални малцинства, како што е случајот со германското малцинство во Јужен Тирол во Италија или пак случајот со шведското малцинство на островите Оланд во Финска, а од поново време и српското малцинство на Косово, кое доби значајно повисоко ниво на права благодарение на меѓународните конвенции.
Дали ова е само нов обид да се чекори кон Голема Албанија и предизвикување на нова тензија на Балканот, оставаме експертите да објаснат, но и времето да покаже.
Како и да е, можно е Србија да изгуби уште еден дел од својата територија!