Изградбата на пирамидите со помош на технологијата со која располагала древните Египќани претставува мистерија која не престанува да ги мачи експертите и да го окупира вниманието на лаиците.
Питер Џејмс смета дека изградбата каква што досега била замислувана е просто невозможна заради тоа што рампите би требало да бидат долги околу 400 метри, во спротивно би биле премногу стрмни за со нив да се подигнат огромните бетонски блокови.
Токму поради овој факт тој е уверен оти Египќаните всушност го граделе внатрешното јадро од цик – цак рампи, ставајќи помали и полесни блокови, додека поголемите во надворешниот слој ги подигале со помош на скелиња. Тоа биз начело дека пирамидите биле градени во слоеви и дека врвот бил подиган со помош на скеле поставено од надворешната страна.
Џејмс и неговата компанија „Синтек“ се експерти од областа на градежништвото, а во изминатите 18 години работеле и на обновата и реновирањето на пирамидите.
Според него, градителите прво ги поставувале четирите агли на пирамидата, а потоа ги граделе пристапните точки до нејзиниот центар. Следно било да утврдат каде треба да ја изградат погребната одаја, која била ѕидана од гранит.
Тргнувајќи од ѕидовите на погребната одаја, можеби ги граделе и рампите и користеле помали, полесни блокови, редејќи ги еден врз друг во цик – цак систем околу основната структура, така што пирамидите биле градени во слоеви.
Потешките блокови потоа биле влечени на рампата или подигани одозгора со помош на скеле. Кога остатокот од пирамидата бил готов, блоковите на врвот биле подигани од надвор и морале да се вклопат како „лего коцки“.
Џејмс тврди дека е потполно сигурен во својата теорија бидејќи до неа дошол со долгогодишно проучување на структурата на пирамидите и работа на нивна реконструкција, при што постепено ја откривал целата генијална иновативност на древните градители, но и нивната практичност во решавањето на конкретните градежни проблеми.