Новата влада на Македонија, предводена од Христијан Мицковски, беше официјално избрана и потврдена на 23 јуни 2024 година. Мицковски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, состави коалиција која вклучува членови од ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата „Твоја Македонија“, албанската коалиција „Вреди“ и политичката партија „ЗНАМ“.
Со примопредавање на мандатот од техничкиот премиер Талат Џафери новиот претседател на Владата Христијан Мицкоски официјално го стартуваше својот премиерски мандат на Илинденска 2.
Мицкоски е на чело на ВМРО-ДПМНЕ од декември 2017 година. Дипломирал, магистрирал и докторирал на Машински факултет во Скопје Во периодот 2016-2017 година бил генерален директор и претседател на УО на АД Електрани на Македонија, а од 2015 до 2017 бил советник на Претседателот на Владата на Република Македонија за енергетика. Од 2019 година е редовен професор на Машинскиот факултет во Скопје, а претходно бил вонреден професор, доцент, асистент и помлад асистент. Во 2021 и 2012 година работел во ФОНКО клима како главен и одговорен проектант на термотехнички инсталации.
Собранието по дводневна расправа со 77 гласа „за“ и 22 гласа „против“ ја избра новата Влада. Владината коалиција ја сочинуваат ВМРО-ДПМНЕ, партиите од Коалицијата Вреди и ЗНАМ.
Пртив Владата гласаа пратениците од СДСМ и Левица, а Европскиот фронт ја напушти седницата кратко пред нејзиното завршување.
Состав на новата влада:
Премиер: Христијан Мицковски
Заменик премиер и министер за транспорт и врски: Александар Николовски
Министер за внатрешни работи: Панче Тошковски
Министер за надворешни работи и надворешна трговија: Тимчо Муцунски
Министер за финансии: Гордана Димитриеска Кочоска
Министер за одбрана: Владо Мисајловски
Министер за локална самоуправа: Златко Пирински
Министер за енергетика, рударство и минерални ресурси: Сања Божиновска
Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство: Цветан Трипуновски
Министер за информатичко општество и дигитална трансформација: Стефан Андоновски
Министер за спорт: Борко Ристовски
Министер за култура и туризам: Зоран Љутков
Министер за образование: Весна Јаневска
Коалициски партнери:
ВМРО-ДПМНЕ: 15 министерства, вклучувајќи три заменик премиери
Вреди: Пет министерства и едно заменик премиерско место
Министер за европски прашања: Орхан Муртезани
Министер за животна средина и заменик премиер: Изет Меџити
Министер за социјална политика, демографија и млади: Фатмир Лимај
Министер за економија и труд: Бесар Дурмиши
Министер за здравство: Арбен Таравари
ЗНАМ: Две министерства
Министер за правда: Игор Филков
Министер за јавна администрација: Горан Минчев
Основни цели и програма:
Мицковски ја потенцира важноста од борбата против корупцијата и криминалот, како и неопходноста од спроведување на правните реформи со две-третинско мнозинство во Собранието. Тој исто така истакна дека меѓународно ќе ја користи уставното име на државата, Северна Македонија, додека на домашен план ќе продолжи да ја нарекува Македонија.
Оваа нова влада има за цел да обезбеди стабилност и напредок во различни области на општествениот и економскиот живот во земјата.
Ова се новите министри со кратки биографии:
Панче Тошковски – Министер за внатрешни работи:
Тошковски е долгогодишен член на ВМРО-ДПМНЕ. Дипломира и магистрира на Правниот факултет во Скопје и има положено адвокатски и правосуден испит.Тошковски беше министер за внатрешни работи и во техничката Влада во 2024 година. Во политиката влегува по повеќе од десетина години работа како адвокат во периодот од 2011 до 2024 година. Од 2011 до 2013 година бил член на одбор на директори на Акционерско друштво за стопанисување со деловен простор сопственост на Република Македонија, додека од 2008 до 2011 работи како советник во Министерството за транспорт и врски.
Тимчо Муцунски – Министер за надворешни работи и надворешна трговија:
Муцунски има докторска титула во меѓународни односи.Тој на функцијата шеф на дипломатијата доаѓа од позицијата градоначалник на Општина Аеродром која ја извршува од 2021 година.Муцунски докторирал правни науки на Правниот факултет „Јустинијан први“ при УКИМ, каде дипломирал и магистрирал. Бил демонстратор од 2009 до 2015 година, потоа асистент, а од 2019 година е избран и за доцент на Правниот факултет. Бил пратеник во два наврата во националното Собрание – од 2015 до 2019 година и од 2020 до 2021 година. Од 2015 до 2017 година ја извршувал функцијата заменик министер за информатичко општество и администрација.
Гордана Димитриеска Кочоска – Министер за финансии:
Димитриеска Кочоска е економист со долгогодишно искуство во јавниот сектор, претходно заменик-министер за финансии.Дипломирала на Економскиот факултет Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ каде била сутдент на генерација 2020-2006 со просек 9,55, по што на Економскиот институт Скопје магистрирала економски науки од областа на финансискиот менаџмент. Има специјализација и последипломско неформално дообразување во областа на финансии и контролинг: едногодишна Контролинг академија, спроведена од Менаџмент центар Белград, и едногодишна програма за сертифициран сметководствен аналитичар, спроведена од АБИТ Академија, Скопје.
Александар Николовски – Заменик премиер и министер за транспорт:
Николовски е еден од најискусните политичари во ВМРО-ДПМНЕ, со претходно искуство како европратеник. роден на 24 март 1984 година во Охрид. Дипломирал на Правниот факултет „Јустинијан Први” Скопје на Отсекот за политички науки, каде е кандидат за магистер по политички науки и меѓународни односи.Николовски бил пратеник во Собранието од 2006 до 2016 година, како и од 2020 година досега. Бил член на Националниот совет за евроинтеграции, Анкетната комисија за утврдување на околностите за загинувањето на претседателот Борис Трајковски, на комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците, за надворешна политика и за европски прашања, како и претседател на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања и на Комисијата за прашања на изборите и именувањата.Бил на позициите потпретседател на Парламентарното Собрание на Советот на Европа (2015 – 2017), на Комитетот за политички работи и демократија (2016-2017) и на Комитетот за спроведување на обврските и заложбите на земјите членки (2014-2016) на Советот на Европа. Претходно, од 2002 до 2004, бил секретар на ФРЕСТА програмата за невладини организации и меѓуетнички дијалог на југо-источна Европа, а од 2000 до 2002 претседател на Средношколската унија на Македонија.
Владо Мисајловски – Министер за одбрана
Мисајловски е инженер и претходно беше министер за транспорт и врски. дипломирал на Факултетот за општествени науки, Скопје, Македонија каде се здобил со звање дипломиран политиколог за меѓународна политика и дипломатија, а магистрирал на областа Европска меѓународна политика и дипломатија на истиот факултет. Во периодот од 2009 до 2010 година тој е Советник за надворешна политика и меѓународни односи во кабинетот на претседателот на Собрание на Република Македонија, а од 2010 до 2011 година е раководител на одделение за поддршка на градоначалникот во Општина Центар. Мисајловски од 2012 до 2014 година е државен секретар во Министерство за надворешни работи, а во 2014 државен секретар во Министерство за транспорт и врски. Од 2014 до 2015 година, Мисајловски е директор на јавното претпријатие за државни патишта, а од 2015 до 2017 година е министер за транспорт и врски. Тој во периодот од 2018 до 2020 година бил комерцијален директор Кендо 3 Дооел, Скопје, а од 2020 до 2024 година пратеник во Собранието на Република Македонија.
Златко Пирински – Министер за локална самоуправа:
Пирински дипломирал на Факултетот за физичка култура-УКИМ, каде се стекнал со звање дипломиран професор/тренер, а со магистратура по менаџмент на човечки ресурси се стекнал на Институтот за политичко-правни истражувања-УКИМ/Универзитет за туризам и менаџмент Скопје.
Во периодот од 2009-2012 година тој е основач и управител на Д.Т.У. Био Стем д.о.о.Скопје со дејност претставништво на Грчка банка за матични клетки за Македонија, додека од 2012-2014 година работи и е основач на институцијата: Bio Save d.o.o. Beograd, која е претставништво на Германска банка за матични клетки за Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Словенија, Романија и Хрватска. Перински од 2014 до 2017 година е управител на С.Ц.Борис Трајковски Дооел Скопје, а од 2021-2022 година бил генерален директор на ЈП. „Водовод и канализација“ Скопје.
Сања Божиновска – Министер за енергетика, рударство и минерални ресурси:
Божиновска е инженер за енергетика со искуство во приватниот сектор. Дипломирала Бизнис администрација и студии по политички науки на Англо американ универзитет, Прага, Чешка, а магистрирала на Универзитетот Харвард, САД. Божиновска е експерт во енергетиката и актуелен член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Од 2005 година до сега е активен учесник на повеќе од 100 енергетски конференции, како и клучен говорник, модератор на панели и учесник на работилници во Србија, Бугарија, Романија, Црна Гора, Македонија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Словенија, Хрватска, Унгарија, Полска, Германија, Чешка, Австрија. Првото вработување и е во 2002 година како помлад асистент за ревизија во КПМГ, Скопје, а работела и во EZPADA s.r.o., Прага, Чешка, EVN AG/ E&T EnergieHandelsm.b.H, Виена, Австрија, Групацијата Руднап, Белград, Србија каде била извршен директор на сите компании во ЦИЕ за трговија со електрична енергија и во Eng Service Trade, Скопје каде била партнер. Од 2018 година работи како Независен енергетски консултант.
Цветан Трипуновски – Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство:
Трипуновски е агроном со долгогодишно искуство во земјоделството и руралниот развој.Првото вработување му е во 2005 година во Собранието на Град Скопје како помлад соработник, а бил и директор на Државна фитосанитарна лабораторија, пратеник во Собранието на Република Македонија, во два наврати бил државен советник во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, директор на Државен инспекторат за земјоделство, два пати бил дополнителен заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, советник во ЈП Паркови и зеленило – Скопје и вработен во ВМРО-ДПМНЕ.
Орхан Муртезани – Министер за европски прашања (предлог на Влен коалицијата):
Муртезани е искусен дипломат и поранешен амбасадор во Европската Унија. Дипломирал на Економскиот факултет при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, а постипломски студии завршил на Универзитетот Мармара, Истанбул. Од 2021 до 2023 бил генерален директор и претседател на УО на АД МЕПСО, а во 2019 и 2020 генерален директор и претседател на УО на АД Железници – Транспорт. Во неговата биографија стои и дека бил соновач и директор на Оки Транс Логистик ДОО и директор на Центар ва демократија.Од 2016 е портпарол на политичката партија Алтернатива.
Арбен Таравари – Министер за здравство (предлог на Влен коалицијата):
Таравари е доктор по медицина и поранешен министер за здравство. Тој ја вршеше оваа должност во периодот од јуни до септември 2017 година. Од 2016 до 2017 година бил шеф на оддел за мигрени, главоболки и други болни синдроми на Универзитетската клиника за неврологија. Од 2017 до 2021 година беше градоначалник на Општина Гостивар, по што доби и втор мандат. Таравари е в.д. претседател на Алијанса на Албанците од 2022 година. Од истата година, работи и како професор по предметот „неврологија“. Тој специјализирал по неврологија во 2006 година на Универзитетската клиника за неврологија. Докторирал на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во 2011 година. Втората специјализација му е по семејна медицина, исто така на Медицинскиот факултет во 2011 година.
Игор Филков – Министер за правда (предлог на ЗНАМ партијата):
Филков е член на Извршниот одбор на Движењето ЗНАМ – „За Наша Македонија“.Од 2017 до 2024 година работи како управител, приватен сопственик, на „Спектрум Медикал“ Скопје. Претходно работел како консултант, а во периодот од 2004 до 2007 година е надворешен соработник на Проект на ФАО – Канцеларија Скопје (UN Food and Agriculture Organisation). Од 1993 до 2007 година бил вработен во локалната канцеларија во Македонија за Косово на НВО Солидаритес.
Горан Минчев – Министер за јавна администрација (предлог на ЗНАМ партијата):
Минчев е експерт за јавна администрација со искуство во неколку државни агенции.Дипломирал на Економскиот факултет при Универзитет „Св.Климент Охридски“.Во периодот од 2008 до 2014 година бил пратеник во Собранието на Република Македонија, а од 2003 до 2006 година бил директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија Претходно, од 2002 до 2003 година бил заменик директор на ЈП „Водовод и канализација“, од 2003 до 2006 година ја извршувал функцијата генерален секретар на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија
Фатмир Лимани – министер за социјална политика, демографија и млади
Роден во Кичево на 14 јануари 1973 година, со моментално живеалиште во Општина Петровец, Скопје.Дипломирал на Филозофскиот факултет во Универзитетот во Тетово, каде се стекнал со звање дипломиран професор по историја. Неговото работно искуство почнува во 2005 година, како управител на бензиската пумпа „Голден оил“ во Кичево, по што во 2007 година станува претседател на Движењето „Ндрише“, како и член на Надзорниот одбор на АД „МЕПСО“.Во 2011 година, Лимани станува заменик генерален директор и член на Управниот одбор на АД „ЕСМ“, каде поминува десет години. Лимани беше независен кандидат за градоначалник на Општина Кичево во 2021 година, додека во 2022 стана потпретседател на Движењето Беса.
Весна Јаневска – образование и наука
Јаневска е родена во 1958 година во Скопје, по професија е патолог и поранешен пратеник во Собранието. Таа е пензиониран професор на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, а во интернет-енциклопедиите стои дека е член на Лекарската комора, Конзилиумот за саркома при Медицинскиот факултет, како и на Македонското патолошко друштво, Европското патолошко друштво, Македонското друштво за морфолошки науки и Македонското здружение на лекари.
Министер за животна средина и заменик премиер: Изет Меџити
Дипломирал Финансиски менаџмент и сметководство на Економскиот факултет во Скопје каде и магистрирал. Покрај албанскиот, од останати јазици, во својата биографија има наведено дека познава англиски и македонски јазик, а од компјутерски вештини Microsoft office.Работното искуство го започнува како професор во средното економско училиште „Арсени Јовков“ во Скопје од 2001 до 2004 година. Градоначалник на Општина Чаир е во три мандати од 2005 до 2017 година, а пратеник во Собранието станува во 2020 година.
Арбен Фетаи – вицепремиер за политики и добро владеење
роден во Куманово на 11 декември 1980 година. Дипломира на политички науки на Бриселскиот слободен универзитет, а специјализира надворешни односи на Институтот за европски студии во Белгија.Фетаи е секретар за надворешни работи на Алијансата за Албанците и шеф на кабинетот на Арбен Таравари. Во неговата биографија приложена со Собранието стои дека Фетаи има повеќегодишно искуство во меѓународни институции и фондации во Белгија и Косово, а од 2022 година работи како извршен директор на Институт за јавна политика Арбен Џафери, во Скопје, додека од 2021 е глобален координатор за застапување на Стратешко партнерство финансирано од холандското Министерство за надворешни работи и спроведено од Aidsfonds, во Брисел. Од 2010 до 2021 година работи како Виш советник за ЕУ политика на два проекти за застапување на глобалните фондови, и за акција за глобално здравје, финансирани од Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс, во Брисел.Бил ангажиран и во регионот, работејќи како надворешен советник на ЕУ проекти за градење капацитети на канцеларијата за евроинтеграции во Кабинетот на премиерот на Косово во периодот од 2005 до 2008 година.Фетаи има двојно државјанство, покрај македонското, во неговата биографија приложена со Собранието стои дека има и белгиско државјанство. Зборува албански и француски како мајчини јазици, а познава и македонски, англиски и холандски.
Иван Стоиљковиќ – вицепремиер за односи меѓу заедниците
Стоиљковиќ е дипломиран правник, а своето високо образование го завршил на Правниот факултет во Скопје, при Универзитет „Свети Кирил и Методиј“ на политичко – управна насока.
Како мајчини јазици ги има наведено македонски и српски, а од странски јазици вели дека има основно познавање на англиски јазик.Во неговата биографија стои дека од 2001 до 2019 година ја извршувал функцијата претседател на Демократската партија на Србите во Македонија.Пратеник во Собранието на Република Македонија е од 2002 година и тековно.Претходно, бил основач и директор на Градежно претпријатие „LAMAX CO“ и претседател на Младински совет во Куманово.
Љупчо Димовски – вицепремиер и министер за политички систем
Дипломирал на Факултет за економски науки при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.Тој е лидер на Социјалистичката партија, а беше пратеник во Собранието од 2020 до 2024 година, од 2016 до 2020, и од 2014 до 2016 година. Бил претседател и член на повеќе собрански тела.
Во периодото од 2009 до 2014 година беше министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, во 2008 и 2009 заменик на министерот за транспорт и врски.Претходно бил и генерален директор на ЈП „Паркови и зеленило”- Скопје, стручен советник за организационо-програмски активности во СПМ, а работел и во „Ball Packagin Europe“ – Белград, „Електронска индустрија“ – Скопје, „Технометал – Вардар” а.д. – Скопје, како и во компаниите Maritima Bs.As., Banco Interamericano de Desarollo – BID и Mercado Comuún del Sur – MERCOSUR.
Шабан Салиу – министер без ресор задолжен за интеграција и имплементација на декадата на Ромите
Дипломирал на Правен факултет во Скопје, магистрирал на ФОН Универзитет, Скопје, а докротирал правни науки на Универзитет Мегатренд, Белград.Од 2006 до 2008 година бил пратеник во Собранието, а од 2008 до 2017 директор на Дирекција за заштита и спасувањеПретходно, бил член на Совет за радиодифузија,аработел и како адвокат и стручен соработник во Гостивар.
Бесар Дурмиши – министер за економија и труд
Дипломирал на Факултетот за економски науки при Државниот Универзитет, специјалистички студии завршил на Факултетот за економски науки при Американскиот Универзитет на Европа во Скопје, а во тек и се магистерските студии на Факултетот по бизнис во Приштина.Од 2021 до 2024 година е претседател на Советот на Општина Тетово, а во периодот од 2017 до 2021 година бил член на Советот.Претходно, работел како сметководител.
Стефан Андоновски – министер за информатичко општество и дигитална трансформација
Андоновски дипломирал на Правниот факутет „Јустинијана Прва“ – Скопје, каде е докторанд, а завршил магистерски студии по меѓународни односи и меѓународна економија на Универзитетот Џонс Хопкинс, Школа за напредни меѓународни науки (САИС).Андоновски ја вршеше функцијата дополнителен заменик министер за информатичко општество и администрација од јануари до мај годинава, а од декември лани е демонстратор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ од декември 2023 година.Бил член на Советот на Град Скопје од октомври 2021 до јануари 2024, а во меѓувреме раководител на Партиски истражувачко-аналитички центар на ВМРО-ДПМНЕ. Работел и како проектен менаџер на маркетинг агенција Block&Roll, специјалист за дигитален маркетинг во USAID/OTI Macedonia Support Initiative 2, имплементирана од Chemonics International, советник за односи со странство во ЗЕГИН Доо, Скопје.
Зоран Љутков – министер за култура и туризам
Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје, каде се стекнал со звање дипломиран драмски актер. Во периодот од 2006 до 2024 година во НУ Драмски театар – Скопје играл во повеќе театарски улоги меѓу кои „Џерардо, Девојката и смртта“, во адаптација и режија на Васил Христов во 2017 година, „Креонт, Антигона и Креонт“ од Миро Гавран, во режија на Нела Витошевич во 2016 година, „Крал Иби“ од Алфред Жари, во режија на Андреј Цветановски во 2015 година.Од 2010 до 2013 година работи како уметнички раководител во НУ. Драмски театар – Скопје.
Борко Ристовски – министер за спорт
Дипломирал на Економски факултет при Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, каде се стекнал со звање дипломиран економист. Во периодот од 2023 од 2024 година работи како извршен директор во Ракометникот клуб РК Вардар Скопје. Повеќе години работел како ракометар во РК Вардар, а во периодот 2022-2023 година работел во ракометниот клуб TBV Lemgo, Лемго, Германија. Во периодот 2018-2020 работел во Benfica, Лисабон, Португалија, а од 2016 до 2018 година во ракометниот клуб Barcelona во Барселона во Шпанија.Од 2015 до 2016 година работел во ракометниот клуб Rhein-Neckar Lowen, Манхајм во Германија, а од 2014 до 2015 година работел во ракометниот клуб US Creteil, Кретил во Франција.