Новак Ѓоковиќ ќе стане татко – Јелена е бремена


Новак Ѓоковиќ и Јелена Ристиќ го очекуваат своето прво дете. Парот ја објави среќната вест на твитер.

„Јелена е бремена!!! Наскоро ќе станеме родители!“ – напиша Новак на Twitter.

novak-otac

„Мои драги пријатели, бевте со мене во многу тешки и убави моменти во мојата кариера. Благословен сум што патувам низ светот, го играм најубавиот спорт кој ми носи многу возбуда и радост. Среќен сум, сакан и здрав. Со Јелена сме навистина благословени што наскоро ќе станеме родители! Мојата љубов е бремена!“ – со оваа порака идниот татко им се обрати на фановите на Facebook.

Славниот тенисер и неговата девојка се свршија минатата година во Монте Карло, а во врска се повеќе од осум години

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1