Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ покажа дека за него не постојат повеќе граници откако денеска успеа да го совлада Енди Мареј и да го освои единствениот Грен слем кој му недостасуваше во историјата.
Новак денеска славеше со 3:1 во сетови (3:6, 6:1, 6:2 и 6:4) по нешто повеќе од три часа игра и така стаса до својата 12-та Грен слем титула во кариерата, но што е најбитно, и прва на Ролан Гарос, престигнувајќи ги Бјорн Борг и Род Лејвер.
Покрај сето ова, Новак е третиот тенисер кој успеал да ги освои сите четири најголеми турнири во низа, поточно да е актуелен шампион. Претходно тоа им успеало на Дон Баџ (1938) и Род Лејвер (1962 и ’69).