Новак Ѓоковиќ е првиот финалист на неофицијалното Светско тениско првенство Вимблдон
Србинот го доби првиот сет со 6:4, додека Димитров возврати во вториот со 6:3.
Во третиот и четвртиот сет топ фаворитот Ѓоковиќ мораше на два пати да одигра по 13-сетови, односно двата сета ги доби во тај-брејкот со 7:2 и 9:7 во поени.
Така Ѓоковиќ во недела по трет пат (втор во низа) ќе игра во финалето на Вимблдон.
Негов противник ќе биде подобриот од вториот полуфинален меч во кој Швајцарецот Роџер Федерер (4-носител) за противник ќе го има (8) Милош Раониќ од Канада.
Утре на програмата е женското финале во кое за титулата ќе се борат 6-носителка Петра Квитова од Чешка и Канаѓанката Ежини Бушар 13-та носителка на турнирот