Новак Ѓоковиќ ѝ се обрати на Jелена: Драга, мораме да правиме уште бебиња (Видео)


Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, имаше интересна изјава по победата во првиот круг на „Аустралијан опен“. Ѓоковиќ фуризоно тргна во одбрана на титулата, откако во првиот круг го победи Њонг Чунг од Јужна Кореја 6:3, 6:2, 6:4. По завршетокот на мечот, Ноле разговараше со Џим Кури на теренот, кој го праша дали имал време да размисли за постигнатото во 2015-та година.Nole-450x300 „Тоа беше најдобрата година во мојот живот и кариера. Отакако станав татко, сè ми тргна на подобро“, изјави Ѓоковиќ. Потоа се заврте кон својата ложа и рече: „Драга, претпоставувам дека ќе мора да направиме уште деца.“ По краткиот аплауз, додаде: „Веројатно ќе бидам критикуван поради ова… Да се вратиме на тенисот. Имав исклучителна сезона. Немав многу загуби, се трудев да останам здрав и да го одржувам нивото на играта на теренот. Секоја година почнува тука во Мелбурн. Сезоната ја почнав одлично со понедата во Доха и се надевам дека ќе имаме и други можности да разговараме тука“, рече Ѓоковиќ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1