Новата партија на Албанците ќе се вика Беса


Името на новата политичка партија на Албанците, чие формирање се најавува за идниот месец, ќе се вика Беса, јави Телма, повикувајќи се на Африм Гаши, главен уредник на месечното списание „Шена“ и еден од основачите на партијата.

– Ќе се залагаме Македонија да биде држава во која и навистина живеат рамноправни луѓе – вели Гаши и оafrim_gasiбјаснува дека подготовките траат две години.

Тој најавува дека јадрото на идната партија го сочинуваат млади интелектуалци, со добро минато, кои се почитувани во своите средини, но немаат истрошен политички багаж.

– Политиката е сериозна работа и со неа треба да се занимаваат сериозни луѓе, интелектуалци, кои имаат чесни побуди. Правилата на политичка игра во земјава се такви што партијата ќе ја профилираме како субјект на Албанците, но во центарот ќе биде рамноправноста на граѓанинот – нагласува Гаши.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1