Официјалниот спот на најновата песна на најголемата македонска ѕвезда, Тоше Проески е тргната од ЈуТјуб. Ги има само преработките од обожаватели кои ја препејуваа неговата последна песна.
На ЈуТјуб нема ниту една изведба од Тоше на песната – ниту оние кои беа измонтирани но со подлога на неговата изведба на песната. Пред малку на Јутјуб повторно беше поставено видео од песната „Све је ово премало за крај“ во изведба на Тоше, а монтирано со негови фотографии.
Причините за ова не се познати, на видеото стои дека е отстрането поради авторски права на Time24 Entertainment Gmbh
,,This video is no longer available due to a copyright claim by Time24 Entertainment Gmbh,,
ОNaIR fm Macedonia на чија страна беше поставено видеото веќе реагирала до you tube – се очекува грешката да биде исправена и видеото вратено.