Пендаровски донесе одлука за нови 30 дена вонредна состојба. Свесен дека Уставот не предвидува продолжување на оваа мерка, ниту надлежен орган за донесување на оваа одлука, шефот на државата вели дека ја превзема одговорноста бидејќи во ово момент заштитата на здравјето на граѓаните е најважно.
Јас денеска врз основа на нов образложен предлог од Владата, а во ситуацијата кога Собранието не работи ќе донесам нова одлука за утврдување на постоење на вонредна ситуација за период од 30 дена на целата теритоерија на државата. Но, ова решение не ја намалува подгооввроста на сите релевантни политички фактори во државата јасно и јавно да ги кажат своите ставови по ова прашање зсатоа што на средината на мај ќе ги имаме истите правни дилеми пред себе, изјава претседателот Стево Пендаровскки во обраќањето по седницата на Советот.
Пендаровски вели дека ги поддржува ригорзните мерки на Владата и завраните за движење за претсојните празници, но очекува во следните 30 дена да се прави план за постепено укинување на рестрикциите. Според шефот на државата власта мора сериозно да размисли за вовоедување на кризна состојба во Куманово по примерот на Дебар и Центар Жупа.
„На граѓаните им е јасно која е логиката и оправданоста на ваквите мерки, но реков веќе дека тие треба да предвидуваат исклучоци и да бидат во разумен период, бидејќи ќе предизвикаат проблеми на подолг рок. Затоа ја повикувам Владата по празникот да дефинира план за постепено фазно враќање во нормала бидејќи ќе мора да научиме да живееме со вирусот на подолг рок”, изјави Пендаровски.
Одлуката за нови 30 дена вонредна состојба Пендаровски ја донесе по состанокот на Советот за национална безбедност кој попладнево заседаваше во скратен состав, без премиерот Оливер Спасовски, вицепремиерто Осамни и министерот Филипче.