Актерката Анџелина Џоли и понатаму се бори да го задржи примарното старателство над своите деца со Бред Пит, иако тој бара подеднакво да бидат вклучени во животот на наследниците.
Странските медиуми сега наведуваат дека актерката најверојатно ќе ја загуби оваа битка. Поминаа три години откако актерката поднесе барање за развод од Бред Пит, а тие сѐ уште не ја заклучиле спогодбата за старателство над петте малолетни деца.
Децата живеат со мајката по разводот, а иако Бред сѐ повеќе време поминува со нив,
Анџелина и понатака настојува да ја има улогата на примарен родител.
– Мошне мала е веројатноста дека Анџелина ќе го задржи примарното старателство. Судот нема докази дека Бред е неподобен родител, не постојат докази за злоставување на децата или дрога и алкохол од страна на Бред па најверојатно судијата ќе додели заедничко старателство – изјавил калифорнискиот адвокат за семејно право Дејвид Писара и додал:
„Анџелина е многу неразумна. Бред е добар татко, се грижи за своите деца.“