Вкупно осум лица се осомничени во акцијата која МВР ја води под кодното име „Ерзмус“ во акцијата која од утрово се одвивала на Економскиот факултет при универзитетот Св. Кирил и Методиј, дознава Press24 од извори во истрагата.
Според првичните и се уште неофицијални информации, шестмина од осомничените се професори кои биле вработени на факултетот, а две лица се водат како помагачи. Како што веќе објавивме, до овој момент приведено е само едно лице. Станува збор за познатиот професор Бобек Шуклев. По останатите 7 лица полицијата се уште трага.
Според првичните и се уште непотврдени информации, меѓу лицата по кои се трага се наоѓа и еден високо позициониран член на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) кој инаку е професор на економскиот факултет.
Се сомничат за примање, давање поткуп, противправно посредување, злоупотреба на службена положба и овластувања, и други коруптивни дела.
Извори велат дека МВР неколку години наназад работело на документирање на случајот бидејќи подолг период се говори и меѓу студентите и меѓу јавноста за незаконското работење на дел од кадарот на Економски факултет. Според првичните сознанија од истрагата лицата имале разработен систем . Се проверува и инволвираноста и на лица кои работеле во угостителските објекти на факултетот.