Крвава ноќ во скопската населба Чаир, едно лице убиено. Во престрелката на улица „Лазо Трповски“ загина лицето Исмет Арифи додека Ќемал Лусјани со прострелна рана е префрлен во градската болница.
Засега она што се шпекулира во јавноста е дека напаѓачот е во бегство а убиениот имал криминално досие.
Мотивот за убиството не е познат.
Неофицијално дел од медиумите пишуваат дека престрелката се случила меѓу две групи, а причината најверојатно се нерасчистени сметки поврзани со трговија на дрога.
Официјални информации за случајот се очекуваат од МВР во текот на денов.