Тахво Јаухојарви и Илона Кап пристигнале во Италија откако ја препознале својата ќерка на фотографиите кои почнале да кружат на интернет, откако некој ја снимил на римските улици.
21-годишната Ембла Јаухојарви е Швеѓанка која веќе со месеци живее на улиците во Рим и зборува англики, но не сака да се врати дома со родителите.Родителите Тахво Јаухојарви и Илона Кап пристигнале во Италија откако ја препознале својата ќерка на фотографиите кои почнале да кружат на интернет, бидејќи некој претпоставил дека би можело да станува збор за девојчето Меди МекКен.
Во средата се сретнале со ќерката кој исчезнала пред шест месеци и сега одбива да го зборува мајчиниот јазик. Се разбира само на англиски и италијански јазик. Нејзиниот татко вели дека пред заминувањето во Италија, каде пристигнала да учи јазик, од дома ги отстранила сите свои фотографии.
“Ембла е во болница и не може да излезе. Ги извади сите свои фотографии од семејниот албум и од ѕидовите пред да замине. Не знам што не е во ред и што се случи. Беше многу валкана кога се видовме”, рекол Тахво за Daily Mail.