Нови детали за мистериозното (само)убиство на Ивана


По првичните информации во српските медиуми беше соопштено дека станува збор за самоубиство, а потоа беше наведено дека смртоносната инјекција на несреќната девојка и ја дала нејзината другарка… Но, новите сознанија даваат нови информации за целиот мистериозен смртен случај!

 

Имено, по објавувањето на веста за смртта на триесет и едногодишната Ивана Бодрожиќ Бакиќ, во српските медиуми беше наведено дека станува збор за самоубиство. Сепак, подоцна беше и соопштено дека во хотелот ”Hayat” во текот на ноќта на нејзината смрт таа била посетена и од страна на нејзината блиска пријателка. ivana-b

Сепак, извор близок до истрагата во јавноста сега изнел нови информации. Така, српски”Telegraf” пренесува дека смртоносните ампули во хотелот, во собата 326 ги донел маж, поточно медицински техничар. Наводно тој бил и оној кој ги ставил инјекциите во раката на девојката, по што си заминал, а Ивана починала во текот на вечерта.

“Со досегашната истрага откривме дека еден маж бил во собата на Ивана Бодрожиќ. Се претпоставува дека станува збор за медицински техничар и дека тој и го дал пропофолот на девојката”, изјавил соговорникот на споменатиот српски медиум.

Неименуваниот извор изјавил дека Ивана претходно набавила пет ампули пропофол од својата другарка, која работи како медицинска сестра.

“Најпрво се веруваше дека таа и ги дала ампулите и и ги ставила инјекциите, но новите информации покажуваат дека тоа го направил некој маж. Тој и го ставил анестетикот и си заминал, а Ивана починала во текот на ноќта. Тој, како и нејзината пријателка, ќе бидат сослушани во продолжението на истрагата. Ќе откриеме и кој точно и ги дал ампулите кои не може да се најдат во слободна продажба и кои се користат само при операции”, додал истиот извор.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1