Нови докази: Јелена убиена во студиото на сопругот, ѕидовите чистени со варикина


Сите докази упатуваат на заклучокот дека пејачката на „Гранд“ Јелена Марјановиќ е маченичку убиена во музичкото студио внатре во куќата на Марјановиќ, каде е пронајдена и крпа со засушена крв.

Новите докази кои укажуваат дека токму во семејната куќа на Марјановиќ е убиена Јелена, како и тоа зошто инспекторите сметаа дека смртоносните удари и се зададени токму во студиото во кое снимала, каква е крпата со засирена крв видена на прозорецот од тоалетот и зошто траги од варикина имало по ѕидовите од куќата, пишува во новиот број на српски Курир.

Иако до сега се веруваше дека пејачката е убиена на насипот во Борча, каде пред исчезнувањето наводно трчала, се почести се шпекулациите дека до бруталното убиство дошло на некое друго место. И полициската истрага води во тој правец, телото на Јелена било само фрлено во каналот.

Постојат неколку теории за местото на кое се случило убиството.

Според едното сценарио, Јелена и Зоран се расправале во семејната куќа во Борча. Како што пишува српски Телеграф постои можност тогаш Зоран да ја турнал Јелена по скали, а потоа додека беспомошно лежела на подот во куќата, земал шрафцигер или некој друг предмет и и се нафрлил.

Она што е утврдено е дека убиецот ѕверски ја удирал Јелена по главата со остар предмет. Ја удрил околу 10 пати според зборовите на соговорникот, одлика на злосторството е страст.

– Се претпоставува дека приведениот Марјановиќ го одвлекол телото на Јелена во тоалет за да ги одстрани трагите. Тој наводно со варикина и ги миел прстите за да ги уништи сите докази дека тој стои зад убиството. Телото потоа е замотано во ќебе или тепих, а потоа со различни средства ги одстранил трагите од подот, тепихот како и тоалетот – вели изворот.

Извори од истрагата додаваат дека досегашната истрага покажала дека после убиството Зоран Марјановиќ отишол на насипот во Црвенка и го пријавил во полицијата исчезнувањето на сопругата.

Според другата теорија, 14. април пронајдени се докази кои веднаш покажале дека местоо на убиството е домот на Марјановиќ, поточно студиото кое се наоѓало во склоп на куќата.

– На тоа покажува, крпата со крв која е видена на прозорот на тоалетот покрај студиото – вели соговорникот од истрагата.

Тој потсетува дека од куќата Марјановиќ ги однеле тепихот, облеката и обувките на семејството.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1