Седумгодишното дете кое вчера беше тешко повредено во сообраќајната несреќа на магистралниот пат Удово-Демир Капија, е со подобрена здравствена состојба и е префрлено на Клиника за детска хирургија, каде се наоѓа на интензивно лекување.
Оттаму за ТВ Нова потврдуваат дека детето веќе не е во животна опасност и засега врз него нема да се прават оперативни зафати.
Според сведоци, до сообраќајната несреќа, што се случи кај месноста Света Петка на магистралниот пат Демир Капија-Удово, вчера наутро во 7:20 минути, дошло откако Ауди А4 со германски регистарски таблички, почнало да престигнува колона со возила на полна линија.
Во тој момент од спротивен правец налетал струмичкиот автобус, кој во обид да го избегне судирот со аудито, преминал на левата коловозна лента и директно се судрил во автомобилот фиат сеиченто во кој се превезувале сега починатите 41-годишен скопјанец, неговата 32-годишна сопруга, како и 7-годишното дете. Со полесни повреди поминаа и мајка и две деца.