Нови измени на Законот за придонесите на хонорараците


Допрецизиран и појаснет законот за придонеси. Собранието ги усвои измените во законот за плаќање  придонеси од задолжително социјално осигурување. Во него е определена  највисоката основица за плаќање придонеси.

Секое лице кое месечно зема над 12 просечни плати, или над  4,000 евра, не е обврзан да плаќа придонеси., туку само  персонален данок. Втората група се однесува на самовработените лица, каде сумата е дефинирана  на над 8 просечни месечни  плати.denari-1_011110

-Овде зборувам на адвокати, нотари, извршители и други лица. За нив највисоката основица за плаќање придонеси изнесува 8 просечни плати. .Значи овие лица кои земаат над оваа сума, ќе плаќаат само  персонален данок, изјави Крсте Мукоски, предлагач на законските измени

Во законот е допрецизирано дека секое лица што зема било каков паричен надомест, ќе плаќа придонеси. За невработените, сумата е над минималната загрантирана плата, односно над 9,590 денари. Лицата пак кои се во работен однос, и имаат некој друг вид договор, придонеси ќе плаќаат само ако сумата им надминува над 21,588 денари.

Во законот е допрецизирано дека обврска да плаќање придонеси имаат и функционерите членови на Управни и Надзорни Одбори. Плаќањето   придонеси  нема да биде 5 дена по исплатата на хонорарот, туку до 5 дена по истекот на месецот. Овие најнови измени стапуваат на сила од март.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1