Во денешно време ако еден работник сака да добие покачување од нивните работодавачи, не е доволно само да биде достоен за тоа.
Денес се потребни и некои други квалитети кои работодавците ги ценат.
Значи ако сте мрзливи по природа и не секогаш сте расположени за работа, постојат и други начини да се убедите дека тоа и не е баш така.
Кукајте, зборувајте на глас за се што работите и осигурајте се вашите работодавачи да знаат за тоа. Денес се цени формата не содржината.
Напорната работа е единствена работа која се бара. Се разбира е поврзана со успех, но само до одредена мера.
Единственото истражување покажува дека работното опкружување подобро поминува кај оние кои што знаат да го пропратат со големи зборови и гестови, но и со кукање, така да сите да знаат колку тие „напорно“ работат.
Оние кои навистина напорно работат, но не соопштиле на сите страни, се во лоша позиција. Денес очигледно се цени формата, а не содржината.
Нарцис – тоа е потребно во светот на бизнисот
Луѓето со нарцисоидна личност значително подобро минуваат на работа отколку оние кои ја немаат. Иако децата учат дека себичноста не е добра човечка особина, се чини соодветно дека тоа сега во голема мера помага во работата.
Ако знаете да зборувате за себе во суперлативи, ако знаете да „закукате“ како на вас ви е најтешко на светот и ако знаете себе си да се претставите како незаменлив, деловниот свет е ваш.
Сите овие тврдења се докажани во склоп на двете истражувања кои покажале дека луѓето опседнати сами со себе заработуваат побрзо и побрзо напредуваат во кариерата.
Создадете мит за себе
Постојат три клучни чекори, велат експертите, со кои може да се напредува. Прво дајте се од себе да вашите надредени дознаат се што сте направиле и постигнале.
Потоа што порано почнете да ја обликувате перцепцијата на надреден, но и колега.
Тие мора да мислат дека работите многу, па дури и кога не е така. Трето, наместо да ги засукате ракавите и да се фрлите на работа, посветете се на проучување на првите два чекори. Ако тоа не ви оде од рака, ви останува само испаѓањето од игра.
Најдете резервна работа
Не се надевајте на покачување, ако надредените не мислат за вас дека сте вреден кадар.
Едно истражување покажало дека зголемувањето најлесно го добиваат оние кои имаат алтернативна работа „на сигурно“.
Ако работодавците сакаат да ги задржат и доколку не сакаат да ги препуштат на друга фирма, брзо ќе им дадат покачување.