Нови мутации на птичјиот грип – H7N9


Вирусот на птичји грип од типот H7N9 засега не се пренесува од човек на човек, за разлика од вирусот H5N1.

Во Кина досега шест лица починаа, а 14 се заразени од новиот вирус на птичји грип. Неколку од заболените биле во допир со живина. Властите на Шангај потврдија синоќа дека уште едно лице починало од заразата со новиот вид птичји грип H7N9, со што бројот на починати од болеста во Кина се зголеми на шест лица.

virus pticji gripТри од четири смртни случаи се регистрирани во финансиската престолнина на Кина, каде се пријавени првите два смртни случаи на болеста која претходно не беше воочена кај човекот. Во средата во соседната покраина Жеџијанг е забележан еден смртен случај.

Здравствените власти на Шангај прецизираа дека ниту еден од осумте лица со кој последниот починат бил во близок контакт немаат симптоми на болеста.

Генетската анализа на новиот смртоносен вид птичји грип, претходно непознат меѓу луѓето, укажува дека вирусот H7N9 веќе поминал низ неколку мутации кои би можеле да направат да биде предизвикувач на пандемија меѓу луѓето, порачуваат експертите.

Еден од најголемите водечки светски експерти за грип, Аб Остерхаус, од холандскиот Медицински центар Еразмус, истакнува дека некои мутации укажуваат дека властите во земјите во светот мора да бидат претпазливи и да го засилат надѕорот над заболувањата на животните и на луѓето.

– Овој вирус веќе до извесна мерка се адаптираше на цицачите и на луѓето и од таа гледна точка е загрижувачки. Навистина мора будно да го следиме, истакнува Остерхаус.

Светската здравствена организација (СЗО) истакнува дека вирусот H7N9 првпат се појавил меѓу луѓето, но ја отфрли можноста од опасност од пандемија бидејќи болеста не се пренесува од човек на човек.

Грипот H1N1 или свинскиот хрип се прошири во пандемија во 2009 и 2010 и од него починаа над десетина заболени во Мексико.

Тој подоцна се покажа помалку смртоносен на ниво на светски рамки од бројни сезонски видови грип.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1