Нови промени со времето – Од утре влажен бран и пад на температурите


Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен јужен и југоисточен ветер.oblaci sonce vreme mk

Од понеделник под влијание на серија влажни воздушни бранови од Медитеранот ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет.Ќе има услови за појава на ретки грмежи и засилен ветер.

На повисоките планини во западните делови врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира нова снежна покривка. Пообилни врнежи се очекуваат во среда во западните и јужните делови каде вкупната количина на наврнат воден талог ќе надминува 30 л/м2, а локално и над 40 л/м2. Ќе дува умерен наместа повремено засилен северен ветер и ќе предизвика опаѓање на дневната температура.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1