На местото познато како „Ловец“, во Центарот на Скопје, утрово беше поставен споменикот на македонскиот учител и војвода Христо Узунов. Узунов бил македонски учител, војвода и реонски началник на четите на Македонската револуционерна организација во Охридскиот револуционерен округ.
Христо Димитров Узунов (Охрид, 22 февруари 1878 – 24 април 1905 Цер) – македонски учител, војвода и реонски началник на четите на Македонската револуционерна организација во Охридскиот револуционерен округ.
Паметник на Васил Чакаларов, пак, осамна утринава во центарот на кружниот тек кај Католичкиот храм. Нови споменици има и на мостот око. На кружниот тек пред Католичката црква во Скопје ноќеска во 3:00 часот „дојава“ и споменикот на војводата Васил Чакаларов на коњ и со пиштол в рака.
Два грандиозни и масивни скулптури како седат на стол, се поставени од двете страни на Порта Македонија, на постаментите сè уште нема плоча со нивните имиња.
Непосредно до нив, во Жена-парк, осамна уште една скулптура во сиво зелена боја, на која сè уште не и е поставена ознаката.
Фото Курир / Нет прес