Бензинот поевтинува за денар и половина, дизелот за половина денар, реши Регулаторната комисија за енергетика.
Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 1,5 денар по и ќе изнесува 73,5 денари.
Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 1 денар и од полноќ ќе се точи по 72 денари за литар
Дизелот поевтинува за половина денар и од полноќ, неговата цена ќе изнесува 62 денари за еден литар.
Пред две недели Регулаторната комисија за енергетика ги намали малопродажните цени на бензините за 1 денар, а на дизелот за половина денар.