Нови возила за Итна медицинска помош во Скопје


Набавка на 12 нови возила и 75 нови вработувања во Службата за итна медицинска помош најави министерот за здравство Никола Тодоров.

Во итната медицинска помош до крајот на годинава ќе бидат вработени 35 доктори, 20 медицински сестри и 20 возачи.brza pomos

Ова го истакна министерот за здравство Никола Тодоров, кој рече дека сите нововработени лица ќе бидат упатени на едномесечно едукација во странство односно посебна едукација ќе поминат и докторите и сестрите и возачите. Новите тимови ќе почнат со работа во средината на февруари, пренесува МИА.

Со ова, посочи, ќе се намали просечното време потребно за интервенција односно да овозможиме екипата на ИМП да стигне што е можно побрзо до местото без оглед колку е оддалечено конкретното место од централното градско подрачје.

Ќе се отворат нови пунктови на ИМП во Петровец, Сарај и Чучер Сандево. На пример, во Катланово побрзо ќе пристигне екипата ако доаѓа од пунктот кој се наоѓа во Петровец отколку како досега ако доаѓа од пунктот кој се наоѓа во Ченто, а во населените места кај Групчин побрзо ќе пристигне екипата од пункт во Сарај отколку како досега ако тргне од Ѓорче Петров или од Карпош. Пунктот во Чучер Сандево ќе ги покрива следните населени места: Љубанци, Љуботен, Кучевиште, Сандево, Бањани, Глуво, Блаце, Бродец, Танушевци, Брест, Малино, Побожје, Кучевишка бара, Мирковци, Бразда. Ова е многу значајна мерка имајќи предвид дека службата за ИМП при Здравствен дом Скопје е прва линија на давање итна 24-часовна здравствена заштита во делот на ургентна вонболничка медицина за потребите на населението на град Скопје, како и поголем број околни населени места.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1