Новинар на Твитер го пренесувал умирањето на својата мајка – добил милиони следбеници


Скот Сајмон, водител на американското Национално јавно радио преку својот Твитер профил во живо го пренесувал умирањето на својата мајка која била во болница.

Сајмон од минута во минута преку Твитер ги пренесувал сите детали: како заедно гледале филмови, како и ги пеел омилените песни, и помагал да си ги измие забите…

„Сакам да ја држам раката на мајка ми. Вака не сум ја држел откако имав 9 години. Зошто сум престанал? Затоа што не беше мажествено? Какво с….“, напишал тој во еден твит.

Потоа веднаш додал: „Сред ноќ како оваа, колената ми се тресат како да има земјотрес. Ја држам мајчината рака за да имам сила. Се’ уште“.

Вашингтон Пост пишува дека поради ваквите твитови е многу лесно да се критикува Сајмон бидејќи тој како искусен новинар морал да помисли дека ваквото „известување“ е премногу клише.

„Не сум сигурен дека мојата мајка разбира што е Твитер, но кога и велам дека милиони луѓе ја сакаат таа вели дека е многу погодена од тоа“ – напишал Сајмон.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1