Момчето лутало наоколу и делувало уморно. „Погледна во мене и си помислив ‘Дали е тоа можеби тој? Зарем е возможно?’“, раскажа новинарот за Today.com.
Веднаш го одвел момчето во полиција, кое потоа му било вратено на семејството. Момчето, кое исчезнало во вторникот околу 16 часот по локално време, наводно му рекло на новинарот дека заминал од куќата на баба му за да биде малку сам, без своето помало братче. Поминал некое време во дворот на соседите, каде што заспал.
Кога Полом го видел околу 19 часот, бил добар и неповреден, единствено се плашел да не го караат дома. За тоа немало потреба, бидејќи семејството било пресреќно што го гледа и што ништо не му се случило.