Новинарите денес на протест пред Клубот на пратениците


Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Самостојниот Синдикат на новинарите и на медиумските работници (ССНМ) и Македонскиот Институт за медиуми (МИМ), во 11 часот ќе излезат на протест пред Клубот на пратениците, каде заедно ќе го изразат своето незадоволство поради одбивањето на политичките партии да ги вклучат претставниците на новинарите, на медиумите и на медиумските организации во разговорите за подобрување на состојбата со слободата на медиумите.znm

„За нас е неприфатливо да се зборува за новинарите и медиумите, а притоа тие да не бидат вклучени во процесот. Новинарите, медиумите и јавноста имаат право да знаат за што политичките партии разговараат и за што се договараат во Клубот на пратениците. Ние имаме право да знаеме кои решенија се предложени. Бараме да ни се даде можност да се чуе и нашиот глас пред тие решенија да бидат донесени во Собранието“, се вели во соопштението од ЗНМ, а организацијата инсистира решенијата за медиумската сфера да бидат системски и одржливи, со кои на подолг рок ќе се обезбедат подобри услови за работа на новинарите и медиумите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1